Почитувани студенти,

    На ФОН Универзитет во тек е развој на софтверско решение за студентски сервиси и веќе е во значително напредна фаза, така што за претстојната февруарска испитна сесија се предвидени одредени измени во начинот на пријавување и спроведување на сесијата. Подетални информации за постапката за реализација на оваа, како и за наредните испитни и колоквиумски сесии се наоѓа во делот со соопштенија.

    Корисници на новиот систем се оние студенти кои во академската 2011/2012 година слушаат настава и запишуваат зимски семестар (I; III; V; VII; IX ). Студентите кои во минатите академски години го запишале последниот семестар и кои сега не слушаат настава, но имаат обврска да ги полагаат преостанатите испити од студиската програма не се префрлени во новиот систем и истите ги пријавуваат испитите лично во студентска служба, како и досега.

    Во моментот активен е делот за преглед на досието, така што податоците во него се менуваат како што се менува состојбата во однос на самото досие во соодветната служба. Со цел навремено да се отстранат сите недоразбирања Ве молиме навреме да го проверите своето електронско досие и доколку:
  • имате проблем со најавата на системот т.е. со Вашата емаил адреса од fon.mk доменот, Ве молиме пратете порака на support@fon.mk
  • имате проблем од финансиска природа Ве молиме пратете порака на finansiizastudenti@fon.edu.mk
  • имате проблем од административна природа (испити, пријави, лични податоци итн.) Ве молиме пратете порака на studentskasluzba@fon.edu.mk
Очекувајте одговор од нашите служби во текот на работното време.

Се надеваме на Вашето разбирање.
© First private university in RM - FON University